Во рамките на посетата на Република Македонија, Претседателот на Република Полска Бронислав Коморовски и неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески, денеска ги посетија најважните културно-историски споменици во Охрид.
Градоначалникот Бакрачески, средбата со високите гости и членовите на делегациите, ја искористи да ги запознае со богатата историја на древниот Охрид, но и со потребата за континуирана заштита на споменичното наследство и неговата презентација пред светската јавност.