Македонскиот полициски синдикат утре и задутре (13/14.09) во Охрид, ќе биде домаќин на Конференција на Извршниот Комитет на Советот на европските полициски синдикати- ЦЕСП, европска полициска асоцијација која опфаќа 22 полициски синдикати од 21 Европска држава во кои членуваат над 350 илјади полициски службеници од Европа.
На отворањето Конференцијата (утре во 11 часот), ќе присуствува и министерот за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкулоска.
Во 11:30 часот е предвидена кратка прес-конференција од страна на претседателот на МПС, Тихомир Климоски, министерката Јанкулоска и претседателот на ЦЕСП- Бранко Прах, а во 12 часот истите ќе ги отворат меѓународните полициски игри на СРЦ „Билјанини извори“.