Одбележана 100 годишнината од Охридското востание

По повод стогодишнината од Охридското востание, делегација од Општина Охрид и Месната заедница од Велгошти, како и политички партии и Здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите во востанието во селото Велгошти.

„Денес одбележуваме еден многу значаен настан, тоа е 100 години од кревањето на Охридското востание. Како локална самоуправа сакавме да дадеме свој белег за прв пат оваа година вака организирано да го одбележиме овој ден, одбележувањето на денешниот ден се поклопува со 100 годишнината од кревањето на Охридското востание“, – изјави секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

Имено овој херојски чин на востаниците од Охрид практично претставува израз на определен револт од носењето на Букурешкиот договор. На овој начин жителите на Охрид  во тесна соработка со жителите од Дебар каде што претходно било кренато ова Охридско-Дебарско востание која историјата го поима како такво успеале да го привлечат вниманието на меѓународната заедница на начин кој тие мислеле дека треба, така што заеднички успеале да предизвикаат внимание токму од таа меѓународна заедница во однос на Букурешкиот мировен договор, додаде Спасески.

Како што рече секретарот Спасески токму затоа денес сме тука на 100 годишнината, да ја прославиме таа идеја, тој херојски чин, со цел вечно како граѓани на Охрид да го памтиме ова херојско дело и секогаш да го славиме.

WebOhrid