Меѓународен кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“

Во организација на ЈП „Билјанини извори“, на 19, 20 и 21 септември 2013 година, ќе се одржи Меѓународен кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“. На турнирот, што се одржува под покровителство на Македонската телевизија, ќе учествуваат екипите КК „МЗТ“ од Скопје, Република Македонија, КК „Лукоил- Академик“ од Софија, Република Бугарија и КК „Металец“ од Ваљево и КК „Раднички“ од Република Србија.

Со организирањето на овој турнир, на кој ќе учествуваат екипи кои се натпреваруваат во регионалната АБА лига и во Еуролигата, се промовира една нова тенденција за популаризација на кошарката во Охрид.