Отворен меѓународниот симпозиум ISEF 2013

Во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Унуверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот за мехатроника и информациски системи при Техничкиот универзитет од Лоѓ, Полска и под покровителство на МОН, МАНУ и општина Охрид, денеска, свечено беше отворен Меѓународниот симпозиум за електромагнетни полиња во мехатрониката, електрониката и електротениката, ISEF 2013.

Во името на покровителот, Општина Охрид, пред учесниците и гостите на Симпозиумот се обрати советникот Ангел Јанев.

„Охрид е туристички град и град на образованието, но Охрид е  и погодна средина за развој на високо- технолошка, незагадувачка и лесна индустрија од областа на информатиката, електротехниката, енергетиката, здраството и другите сфери кои лесно ја поврзуваат науката со индустријата. Овие сектори се дел од стратегијата за развој на општина Охрид и дел од стратегијата на градоначалникот Никола Бакрачески“, – рече на отворањето советникот Ангел Јанев.

На Меѓународниот симпозиум има 170 учесници од 30 земји од светот кои ќе презентираат 150 научни трудови за електромагнетните полиња во мехатрониката, електрониката и електротехниката.