Од 17-20 септември – Македонски документарни филмови за Охрид

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид од вторник 17 до петок 20 септември, со почеток во 20 часот ќе се прикажуваат  македонски документарни филмови (за градот Охрид). Поточно ќе се прикажуваат документарниот филм „Охридско Езеро“, „Дванаесетте од Папрадник“ и „Охридските трубадури“.

Влезот чини 60 денари.