Јапонија планира да развие супербрз безжичен интернет до 2020 година

Јапонија планира до Олимписките игри во 2020 година во Токио да развие супербрз безжичен систем, кој ќе им овозможи на корисниците со смартфон во рок од една секунда да спуштат три филмови со висока резолуција.

Оваа технологија, која сеуште е во почетна фаза, ќе користи безжични полупроводници. Чиповите, би користеле исклучително високи фрекфенции – терахерц бранови, кои ќе можат да овозможат пренос на податоци со брзина од 100 гигабајти во секунда.