„Инферно“ од денеска во Охридската библиотека

  „ИНФЕРНО“ – светски познатиот наслов на авторот Ден Браун – од денеска во Охридската библиотека.

  Покрај оваа книга, Библиотеката го збогати книжниот фонд со многу нови наслови. Членовите на Библиотеката од денеска може  да ги изнајмуваат: „Момчето во пижами на риги“ од Џон Бојн, „Роза за балерината“ од Лурин Мек Даниел, „Рајот може да почека“ од Кели Тејлор, „Гостинот на папата“ од Владимир Волков, „Невеста во Борџии“ од Џин Калогридис, „Ракописот од Арка“ и „Вештицата од Портобело“ од Пауло Коелјо, „Девојката од Рускиот кварт“ и „Пламен од истокот“ од Кејт Фарнивал, „Господар на играта“ од Сидни Шелдон, „Обвинителката во лов“ од Карла дел Понте и многу други наслови.

  Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен и финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија.