Притворено лице кое му овозможило употреба на метадон на друго лице кое починало

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против  П.И. (35) од Струга. Нему, истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

На 13-ти овој месец, пријавениот, на лицето О.Б. (25) од Охрид  му овозможил користење на дел од неговата метадонска терапија. По извесно време кај О.Б. дошло до влошување на здравствената состојба по што истиот починал. Кај него не се забележани траги на насилство.

Настанот се случил во домот на сега починатиот кој претходно од сега притворениот П.И. побарал метадон. Тој од пластичен шприц извлекол 4 милиграми метадон по што О.Б. излегол од собата и го ињектирал метадонот. Потоа двајцата заминале во центарот за лекување на наркозависници. 

Тука кај О.Б. настапиле видливи знаци на влошување на здравствената состојба по што пријавениот заедно со уште две лица присутни во центарот, го однеле  во неговиот дом. 

Притворениот П.И. е лице кое во центарот за лекување на наркозависници е регистриран уживател на метадонска терапија.

SlikaPI