Средба на македонските кошаркарски репрезентативци со учениците од ОУ „Христо Узунов“

Утре во 12:30 часот во О.У. „Христо Узунов“ – Охрид, македонските кошаркарски репрезентативци заедно со екипата на К.К. МЗТ Скопје ќе остварат средба и дружење со најмладите односно со учениците на О.У. „Христо Узунов“.

Посетата е со цел да се развие спортската култура кај најмладите. Кошаркарите ќе им подарат кошаркарски топки на своите фанови.