Првиот „невидлив“ облакодер ќе биде изграден во близина на аеродромот Инчон, соопштија корејските власти.
Американската компанија „GDS Architects“ доби дозвола да го дизајнира првиот „невидлив“ облакодер на светот. Карактеристично за овој објект е системот на LED фасадата на која ќе бидат поставени оптички камери за пренос во реално време на она што се случува околу зградата, поради што зградата ќе делува како да е невидлива.
Според првичните информации, висината на зградата која го доби името „Infinity Tower“ (Бесконечна Кула) ќе биде 450 метри, и ќе биде шеста по височина во светот.
Планираниот буџет за овој проект е 277 милиони долари, а изградбата ќе започне следната година, а ќе мора да биде завршена до 2016 година. Овој облакодер е предвидено да има ресторани, кино, три видиковци, забавен и аква парк.