Ќе може ли Google да ја победи смртта?

Google стартува со нов проект кој најверојатно никој не го очекуваше, а се однесува на биотехнологијата и продолжувањето на човечкиот живот.

Коосновачот на технолошкиот гигант Лари Пејџ на својот Google+ профил објавил дека „возбудено ја најавува Calico, новата компанија која ќе се фокусира на здравјето на луѓето, со посебно нагласување на причините за стареењето и болестите“.

Тој додал дека постои огромен потенцијал за технологија која го подобрува човечкиот живот.

„Немојте да се изненадувате ако вложуваме во проекти кои изгледаат необично во споредба на нашето моментално интернет делување. Исто така, не заборавајте дека новите инвестиции, како што е оваа, се многу мали во споредба на нашето основно делување“, – истакна Пејџ.

Тој додаде дека во некои индустрии за да се оствари некоја идеја потребно се 10 до 20 години, исто така и здравството е во тие области.