Вицепремиерот Пешевски во Охрид на 8-мото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи

Неколкуте темите што ќе се дискутираат во рамки на осмото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи, особено сесијата за берзите на електрична енергија, се важни за Владата бидејќи претстојната либерализација на пазарот ќе придонесе за поквалитетен и поевтин пристап на индустриските потрошувачи но и домаќинствата до електрична енергија.

Тоа го истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на советувањето на Македонскиот комитет за големи електрични системи што се одржува во Охрид.

„Владата има големи инвестициони планови и проекти во оваа област. Сето она што го шправат МЕПСО и ЕЛЕМ спаѓа во дел на она што значи директна поддршка од Владата, но и креирањето соодветна регулатива и создавање услови за приватните инвеститори во делот на обновливите извори на електрична енергија, како и во најавите за некои поголеми инвестиции во областа на енергетиката каде ќе биде отворен и пазарот за приватниот капитал, сето во насока на обезбедување квалитетна електрична енергија за потрошувачите и енергетска независност на Републка Македонија“, истакна Пешевски потстувајќи дека една од обврските на власта е да се грижи за иднината на младите генерации и сите граѓани преку побезбедувњње квалитетни извори на енергија.

Тој нагласи дека самата методологија на утврдувањето на цената на електричната енергија во рамки на посточекиот систем е надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, но токму преку формирањето ефикасни пазари за електрична енергија со моделот со берза може да придонесе електричната енергија да се набавува по пониски цени што во идината би значело или помали покачувања на цената на електрилмната енергија, а во услови на глобално намалување на цената на електричмата енергија, како што беше минатата година, може да дојде и до нејзино поевтинување.

„Не би прејудицирал однапред во која насока ќе се движи цената. Доколку се следат европските трендови може да се очекува цената на електричната енергија во иднина генерално да расте. Токму затоа овие чекори што ги презема Владата со во насока да придонесат тој притосок да биде што помал“, нагласи Пешевски.

Советувањата на Македонскиот комитет при меѓународната конференција на големи електрични системи претставуваат можност за размена на искуства меѓу инженерите кои работат во електроенергетските компании и индустријата, академската јавност и експертите од области кои се поврзани со електроенергетиката.

На сесиите на студиските комитети се презнетираат теми од секојденвната инженерска пракса, но и резултати од најновите истражувања на панел сесии на домашната и меѓународната академска јавност. Истовремено, преку панел сесии кои се однесуваат на актуелни теми од областа на електроенергетиката се обезбедува форум за дискусија каде своите ставови и искуства ги изнесуваат еминетни домашни и странски експерти.

На ова осмо советување што се одржува во Охрид ќе бидат презентирани повеќе од 120 научни трудови, а ќе бидат спроведени и технички презентации на искористувањето на обновливите извори на електрична енергија, развојни програми на компаниите и и најновите технички решенија што ги нудат производителите на опрема.