Денеска во просториите на општина Дебрца во с.Белчишта се одржа работилница на тема „Технологија на одгледување на буша говеда и воведување на органско производство на фарма со буша говеда“. Оваа работилница е дел од проектот „Заштита на автохтоната раса на говеда буша“, кој го спроведува Здружението на граѓани „Чекор напред“, во соработка со Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). Истиот започна да се реализира во месец март 2013, а ќе трае до месец мај 2014 година. Целта на проектот е заштита на автохоната раса на говеда буша, како и нивно бројно зголемување и ширење.
„Целта на проектот е заштита на домашната автохоната раса – буша, која што преку ГЕФ проектот е потегната во с.Оздолени во Дебрца, не е случајно тука, бидејќи е едно од најдобрите подрачја за сточарско производство. Главните активности се првично да се создадат услови за домашно говедо, да се создаде популација која ќе се шири, за да може во иднина тоа да биде како основа, секако и за органско производство“, – изјави за WebOhrid проф. д-р Ѓоко Буневски.
На работилницата присуствуваа Доктори на наука по говедарство и земјоделие, Координатор на Словенија Драго Компан професор на Биотехнички Факултет Љубљана, лица од министерство за земјоделие, гости од факултетот за земјоделски науки и храна, Здруженијата, како и гости од Словенија и Хрватска.
WebOhrid