Екипите на ЈП „Нискоградба“, денес ги започнаа градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј.
Ќе се постават 1. 300 метри цевки со профил од 200 м.м, а градежните работи се очекува да завршат за еден месец, по што патот ќе се санира и асфалтира.
Овој зафат, е дел од планираната програма за комунален развој на општина Охрид, преку која му се помага и на Јавното претпријатие „Нискоградба“ да има доволно работа, со што ќе ја консолидира својата материјално-финансиска состојба.