Притворен охриѓанец кој нападнал полициска службеничка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Т.(52)  од Охрид, за сторено кривично  дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, во врска со што  од страна на Истражен судија му е одреден притвор од 30 дена.

На 21-ви овој месец, К.Т. најнапред вербално, а потоа и физички нападнал униформирана полициска службеничка којa спроведувалa задачи од областа на безбедноста,  пред  зградата на СВР Охрид, во момент кога истиот  без да се пријави се обидел да влезе во полициската зграда. Тој го игнорирал укажувањето на полициската службеничка за потребата од пријавување по што веднаш физички ја нападнал со удари со рака во пределот на главата. Притоа полициската службеничка, успеала да  го спречи К.Т. во неговите натамошни обиди да го продолжи физичкиот напад. При приведувањето К.Т. повторно се обидел да нападне полициски службеник. Спречен и во тој обид  тој  започнал на глас да  им се заканува на полициските службеници и да им упатува навреди.