Заменик министерот за животна средина и просторно планирање утре во Охрид

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски утре кај градското пристаниште во Охрид ќе одржи прес-конференција. Целта на пресот е да ја информира јавноста за Втората глобална подводна акција чистење на водите во светот. Свое обраќање ќе имаат и Периклија Бешка, претседател на „Сојузот на Подводни активности на Македонија“, г-дин Киро Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, како и претставници на нуркачките клубови што учествуваат во акцијата: „Амфора“ од Охрид, „Акватек“ од Скопје, и „Клубот на Подводни Активности Охрид“.

Оваа година, во глобалната  акција која е подржана од  „GUWAA” (Global Under Water Awareness Asosiation) ќе учествуваат 80 земји од целиот свет, а целта е да се собере што поголемо количество на отпад од водите, да се популаризира проблемот и да се едуцираат луѓето за постоењето на проблемот со загадувањето како и ефектите од него.