Во бродолом во Нигерија 42 лица се удавиле, а над 100 се исчезнати

Најмалку 42 лица се удавиле, а над 100 се исчезнати откако потонал брод полн со патници во реката Нигер во Нигерија.

Бродот, на кој биле околу 150 лица, се прекршил на половина, по што потонал. На местото на несреќата која се води како најтешка која ја погодила оваа земја во последните години, спасувачките екипи веднаш започнале потрага по преживеани.

Несреќата, најверојатно била предизвикана од два главни фактори, претовареност на бродот, а и надојдената река после сезоната на дождови во таа област.

Во последните неколку години, Нигерија често ја погодуваат поплави, а голем дел од патничките бродови во таа земја се лошо градени и неодржувани.