Охриѓанец заработи кривична пријава поради оштетување или повластување на доверители

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители”.

Пријавениот во својство на управител на правно лице, знаејќи дека правното лице станало неспособно за плаќање, со намера да оштети доверители, со измамничко дејствие оштетил доверители на начин што при водење стечајна постапка не приложувал документација за начинот како е располагано со наведеното правно лице, односно истиот како физичко лице ги отуѓил материјалите и стоката со кои располагало правното лице, со што противправно се стекнал со поголем износ на пари, а со истото му наштетил на еден доверителот во износ од 3.574.107 денари.