Прес конференција на в.д. селекторот Зоран Стратев

По одлуката на селекторот Чедомир Јаневски за предвремено раскинување на договорот, управниот одбор на ФФМ за в.д. селектор на националниот тим го назначи Зоран Стратев. На прес конференцијата во „Куќата на фудбалот“ ваквата одлука ја образложи Петар Милошевски, директорот на националната репрезентација.

„На гостувањето во Велс и Србија нашата национална селекција ќе ја води Зоран Стратев. Според Фудбалската Федрација на Македонија тој во моментов е најадекватен да одговри на преидвзикот. Тој е познато лице во македонскиот фудбал, ги познава добро приликите во самата репрезентација, координатор е на сите млади селекции и според ФФМ е најадекватен за да одговори на повикот да ја води репрезентацијата. Познати се неговите успеси со Ф.К. Вардар и Ф.К. Работнички во европските натпреварувања. Негови помошници ќе останат  Неџат Шабани и Мане Манев, кои исто така познавајќи ги состојбите во самата репрезентација ќе му бидат на располагање и ќе му помогнат, со цел двата следни натпревари да поминат во најдобар можен ред“, – истакна директорот на националниот тим.

Претходно портаролот на ФФМ, Златко Андоновски ја пренесе ијавата на поранешниот селектор: „Одлуката е тешка, но во денешниот фудбал нема сентименталност. После натпреварите со Велс и Шкотска, одиграни во Скопје, во ФФМ добив понуда за продолжување на договорот за која до овој четврток, минатата недела, бев речиси сигурен дека ќе ја прифатам. Но, понудата од новиот клуб која ја добив следниот ден, едноставно не можеше да се одбие. Се работи за белгиски клуб, па оттука одлуката беше лесна.  Длабоко во себе навистина жалам за прекинувањето на соработката со ФФМ, која беше повеќе од одлична. Поддршката која ја добивав од претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и од директорот на националната селекција, Петар Милошевски, како и од моите најблиски соработници беше навистина голема“.

„Голема благодарност до ФФМ за укажанта чест и голема обрвска. Цел на секој тренер кој работи во фудбалот е да стигне на тоа место. Јас се надевам дека овие два натпревари ќе ги одработам максимално, заедно со сите во федерацијата, а најмногу со фудбалерите кои го имаат главниот збор. Што се однесува за Србија и Велс, можам да кажам дека ќе се обидеме, да направоме резултат, да одиграме квалитетно, дисциплинирано, со напаѓачки ритам и секако дека со таков приод на сите репрезентативци мислам дека можеме да направиме позитивен резултат“, – истакна Зоран Стратев.