Пораст на индустриското производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2014 година, во однос на април 2013 година, изнесува 102.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст од 0.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19.9%.

Според главните индустриски групи, производството во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8% и Капитални производи за 61.8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12.9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.6% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.1%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2014 година, во однос на периодот јануари – април 2013 година, изнесува 103.1.