СВР Охрид доби 10 нови полициски возила

Десет нови полициски возила „Шевролет-спарк“ доби Секторот за внатрешни работи Охрид што неодамна беа набавени за потребите на Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево а едно на полициската станица во Дебар. Во Охрид ќе останат пет возила за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности. 

Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите за звучна и светлосна сигнализација, имаат целосно вградена современа и неопходна полициска опрема. Со нивната употреба значително ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на полициската служба.