По повод Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври, Државниот архив на Република Македонија – Одделение Велес, Општина Велес, денеска во Центарот за култура – „Григор Прличев“ ја отвори изложбата – Вардарскиот регион низ документите во државниот архив на Република Македонија.
„Ние како државен архив на Р.М. одделение Велес организиравме и ја подготвивме оваа изложба. Јас како раководител на архивот од Велес,сум и автор на цела изложба. Изложбата односно 200 документи како што се поставени на 29 паноа и едно има воведно пано. Документите се распоредени и тематски и по региони, бидејќи ние како Велес го покриваме целиот вадарски регион и затоа е насловена изложбата Вардарскиот регион низ документите во државниот архив на Република Македонија-одделение Велес“, – истакна раководителот на Државниот архив од одделението во Велес, Слободан Ников.
На изложбата беа поставени документи од османлискиот период, од периодот на српската власт во Македонија од 1914 до 1941 година, од бугарскиот период од 1941 до 1944 година и од Ослободувањето до 1990 година. Покрај документите поставени беа паноа со фотографии.
„Она што сакам да го кажам покрај граѓаните кои ќе дојдат да ја постет изложбата ценам дека ќе предизвика внимание,пожелно е и учениците од основните и средните училишта да дојдат,има што да видат со кои документи располагаме и ќе им биде еден убав историски час“, – додаде раководителот Ников.
Претходно изложбата беше поставена во Велес, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Битола, а се планира да се постави и во источниот дел на Македонија.
WebOhrid