Продолжува доуредувањето на пешачките патеки покрај Езерото

Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека ќе се отпочне со уредување на пешачките патеки на потегот од хотел „Палас“ до хотел „Гарден“. За таа цел ги задолжи инспекциските служби да ги отстранат диво поставените објекти и предмети кои го попречуваат слободното движење на пешаците, а јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ќе го изврши хортикултурно уредување.

Исто така најави дека детското игралиште кое се наоѓа пред мостот на каналот Студенчишта ќе биде дислоцирано. Новото детско катче ќе се протега на поголема површина и ќе брои повеќе играчки за децата од кои поголем дел ќе бидат нови, а старите ќе бидат поправени. На местото кадешто моментално се наоѓа детското игралиште ќе никне нов, модерен парк.

Trotoar_Palas_Trudbenik_4851