Градоначалникот Бакрачески во својство на домаќин на работниот ручек со 45–те почесни конзули од Македонија во светот, одржа поздравна здравица во која што меѓу другото истакна.
„Да се биде градоначалник на Охрид претставува голема чест но истовремено и голема одговорност- да се заштитат универзални вредности на градот и регионот а истовремено да се создадат можност за одржлив економски развој и зголемување на животниот стандард на граѓаните. Во нашата стратегија за локален развој ние го идентификувавме туризмот и индустријата како движечки столбови на економскиот растеж на градов. Меѓутоа Македонија и Охрид за жал се уште претставуваат недоволно позната туристичка дестинација и покрај сите потенцијали со кои располага и добрата туристичка понуда. Ние во локалната самоуправа сме длабоко заинтересирани за создавање на можности за вработување во бизниси кои нема да им наштетат на принципот за одржлив развој. Потенцијалите се различни од туризам, лесната индустрија, земјоделскиот сектор образованието здравствената заштита и.т.н.“, – потенцира Бакрачески.