Презентирање на активностите и резултатите од работата на Секторот за локален и еконоски развој за оваа сезона, беше целта на денешната прес конференција, која се одржа во во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој. На прес средбата говореа градоначалникот Никола Бакрачески и раководителот на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, Ѓоко Апостолов.
„Во овој преглед можам да ви кажам некои оптимистички податоци кои што спротивно на она што оваа година ни ги понудија временските услови, кои до крајот на јули беа непогодни за привремен престој и на домашни и на странски туристи. Податоците кои ние ги имаме добиено како стастичка обработка, од општинскиот инспекторат и државниот завод за статистика говорат за доволна доза на оптимизам. Имено според статистичките податоци во текот на првите осум месеци од 2013, имаме 136.725 ноќевања реализирани од домашни гости и 208.301 ноќевање од странски гости, вкупно 345.026 ноќевања што во принцип значи процентуално намалување на бројот на домашни гости за 12,2 % споредено со истиот период од лани. Меѓутоа имаме дури за 15,9% зголемување на бројот на привремен престој реализран од странски туристи во однос на истиот период од минатата година, вкупно би значело зголемување на бројот на ноќевања за цели 2,8 % споредено со истиот период од лани“, – истакна градоначалникот Бакрачески.
Во периодот од 1 јануари до 30 септемеври 2013 година, согласно податоците од одделението за финансии и буџет од такса за привремен престој собрани се вкупно 10.931.704,00 денари. За споредба во 2012 за истиот период такса за привремен престој од одновни сместувачки капацитети и од сместувачки капацитети од мал обем се собрани вкупно 9.450.852,00 ден, при што се бележи дека наплатата за 2013 година е 15,6 % зголемена од лани.
Според информацијата изготвена од Општинскиот Инспекторат, бројот на ноќевањата од основни објекти во 2013 година(Јануари-Август) во однос на 2012 год,(Јануари-Август) е зголемен за 2,8% и тоа кај домашните ноќевања има намалување за 12,2%, а за странските има зголемување за 15, 9%.
„Бележиме пораст, посебно во наплатата на туристичката такса или таксата за привремен престој од месец јуни од кога се започнати актиностите за воведување ред. Соодвеетно на тоа може да се види порастот на наплатата на таксата на привремен престој која што во јули имаме пораст од цели 101%, значи дуплирана е наплатата за разлика од 2012 година, во август имаме 69% зголемување на наплатата и сето тоа се должи на фрегментноста на активностите кои ги преземаат како ТЛЕР така Општинскиот инспекторат и сите координирани акции кои што беа иницирани од страна на општина Охрид“, – истакна Апостолов.
WebOhrid