Бразилските криминалци се закануваат со тероризам на Светското првенство 2014

Најмоќната криминална банда во Бразил – ПЦЦ, се заканува дека ќе врши терор за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал, а и на идните претседателски избори во 2014 во Бразил.

Оваа закана следи по минатонеделното обелоденување на детали на обвинителството за активностите на ПЦЦ синдикатот. Досега нема коментари од власта, но командантот на државната воена полиција им сугерирал на неговите луѓе да бидат претпазливи.

ПЦЦ се смета за најголема криминална банда која има повеќе од 11 илјади членови, вклучивајќи и 6 илјади затвореници.