Британски искуства за поефикасна администрација на барање на градоначалникот Бакрачески

Претставници од Британската амбасада, утре во општинската зграда ќе организираат предавање за едукација на општинска администрација, во рамките на проектот за професионализација и зголемување на ефикасноста на општинската администрација.

Гостите од Британската амбасада, доаѓаат по покана на градоначалникот Никола Бакрачески кој непосредно по преземањето на мандатот на првата средба со британските дипломати побара тие да се вклучат во градењето на современа и едуцирана општинска администрација.

Локалната администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на Европската Унија.

Гостите ќе бидат примени и ќе имаат работен состанок со градоначалникот Бакрачески по што после 12 часот ќе започнат предавања од првата обука за вработените во администрацијата.