„Превенцијата, помошта и заштитата на жртвите на трговијата со луѓе, како и кривичниот прогон на сторителите, се главните цели не само на ЕУ но и на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе. Трговијата со луѓе останува сериозен проблем во Европската унија. Според процените на Меѓународната организација на трудот, 880.000 луѓе во ЕУ се жртви на присилна работа, вклучувајќи ја и присилната сексуална експлоатација“, истакна меѓу другото Виолета Јанковска државен секретар во Министерството за внатрешни работи и национален координатор на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, по повод денешното одбележување на 18-Октомври – „Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе“, што се одржа во Музејот на македонската борба во Скопје.
Инаку, на настанот којшто го организираше Националната комисија за броба против трговијата со луѓе и илегална миграција во соработка со Германската организација за интернационална соработка (ГИЗ) се одржа проекција на краткиот пантомима филм „Blindness Uncovered“ како и панел дискусија посветена на трговијата со луѓе.