Комуналец го расчисти полигонот за мали спортови

Веќе подолг период се провлекуваше проблемот околу одржувањето на хигиената на полигонот за мали спортови кој се наоѓа во централното градско подрчје, а кој е во сопственост на правен субјект. Со денешната акција Комуналец го расчисти овој простор.

По претходно издаден налог од страна на комуналната инспекција, на правниот субјект му беше наложено во временски ограничен рок да го расчисти просторот од полигонот за мали спортови од натрупаниот комунален, зелен и друг вид отпад. Постигната е согланост помеѓу П.П. „Бринекс“ и „Охридски Комуналец“ и за соодветен надомест денес е извршено расчистување на овој простор и подигнат е 12 м³ отпад.