ВМРО-НП со предлог проект за енергетска независност на општина Охрид

Од ВМРО Народна партија најавија дека ќе почнат со предлагање на низа проекти до Локалната самоуправа и до Владата на Р.Македонија, кои ќе бидат од интерес на граѓаните на општина Охрид.

„Предлог проект за енергетска независност на општина Охрид“ беше тема на денешната прес средба која што се одржа во просторитте во ОК на ВМРО Народна партија.

„Имено со нашите партиски определби за економски севкупен развој на општина Охрид, до Локалната самоуправа го предлагаме проектот за енергетска независност на Локалната самоуправа, односно јавните претпријатија, основните и средните училишта, градинките и другите установи кои припаѓаат под Локална самоуправа. Целта на овој проект е да постават фотоволтични електични централи, оние електрични централи кои се добиваат од сончевата светлина, не оние за затоплување, туку директно кои произведуваат електрична енергија“, – истакна Ванчо Костоски, претседател на ВМРО Народна партија.

Јавните претпријатија, основните и средните училишта во општина Охрид поседуваат сопствено земјиште, кое што според Костоски е еден од основните услови за исполнување на еден ваков проект.

„Трендот за потреба на енергија од еден ваков вид извори е се поширок, како во ЕУ, така и во САД и пошироко. Се работи за една чиста еколошка енергија која не загадува и секако ќе ја намали зависноста на увоз на струја и на општина Охрид, односно согласно и на тоа и на Р.М., бидејќи на жалост Р.Македонија е се уште енергетски зависна земја. Основни услови кои се потребни да се отпочне со ваков проект се добивање дозвола за изградба на вакви централи, која ја издаваат соодветни комисии на владата на Р.М, поседување на земјиште или друга локација (покривна конструкција) каде треба да се постават панелите, и набавка на фотоволтични панели“, – потенцира Костоски.

Како што рече Костоски, согласно законите на Р.М. кои ја третираат оваа проблематика, привилегираната цена која ја плаќа владата е 16 евро центи по киловат произведена енергија. 

„Втора ставка која влегува во цената на чинење на ваков проект е земјиштето или објекти над кој треба да се постават соодветните панели. Посериозни материјални трошоци се предвидени за набавка на фотоволтични панели кои заедно со соодветни инвентари и монтажа би чинеле околу 0,75 евра по 1w произведена енергија“, – рече Костоски.

Како што додаде Костоски, ако Локалната самоуправа нема средства за отпочнување на ваков проект може да се пристапи за отпочнување постапка за јавно приватно партнерство и овој проект би се реализирал без трошоци.

VMRO-NP02WebOhrid