Тешко повредено лице во сообраќајна незгода во Струга

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 07 часот и 20 минути се случи на улицата „Туристичка“ во Струга.

А.Л. (76) од Струга е тешко повреден  во момент на непрописно движење и задржување на коловозот. Притоа дошло до удар од патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици управувано од А.Р.(37) од струшкото село Теферич кое по улицата имало неприлагодена брзина на движење. 

А.Л. со тешки телесни повреди и во бессознание веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде е задржан на понатамошно лекување. 

На местото на тешката сообраќајна незгода, извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга презема дополнителни мерки за целосно расветлување на овој настан.