Локалниот инспекторат денес започна акција за подигање на нелегално поставена урбана опрема на јавни површини. Инспекторите ги подигаа масите и столиците од рестораните и кафулињата кои не ги подмириле обврските кон Општината, односно нивните сопственици не платиле комунални такси и не се придржувале кон договорот за закуп на земјиштето.
Акцијата за нелегално поставена урбана опрема во континуитет продолжува и наредниов период.