Филмот „Лов на мали грабливци“ ќе се прикажува во Центарот за култура

Од 29-ти октомври (вторник) до 1-ви ноември (петок) на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20:00 часот ќе се прикажува филмот „Лов на мали грабливци“. 

Приказната во „Лов на мали грабливци“ раскажува за Михаил со прекар Лимката кој е безнадежно вљубен и има проблем во комуникацијата со врсниците. Тој се запознава со група тинејџери и заедно со нив наивно решаваат да заработат лесни пари. Младите воопшто не се сомневаат дека еден странец со темно минато и проблематична сегашност ќе им ги преобрази нивните животи.

Влезот чини 100 денари.