Средба на доц. Д-р Оливер Андонов со Амбасадорот на ОБСЕ во Р.М. Нина Суомалаинен

Денес во просториите на Министерството за внатрешни работи, Дополнителниот заменик министер, доц. Д-р Оливер Андонов оствари работна средба со Амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, г-ѓа Нина Суомалаинен. На средбата се разговараше за воспоставување на соработка помеѓу Mисијата на ОБСЕ во Скопје и Кабинетот на Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи на Република Македонија.

Во таа насока, од страна на доц. Д-р Андонов беа презентирани неговите надлежности согласно Законот за Влада, кои ги има во составот на привремената Влада за спроведување на предверемените парламентарни избори, за што Амбасадорката Суомалаинен беше особено задоволна за можноста навремено да се запознае со Дополнителниот заменик министер, а секако да биде информирана и за сите надлежности и активности кои во следниов период ќе бидат преземени од негова страна.

Дополнителниот заменик министер, доц. Д-р Оливер Андонов особено посвети внимание на изборниот процес и во неколку наврати потенцираше дека ОБСЕ, заедно со ОДИХР, се особено важна алка во спроведувањето на регуларни и фер избори во Република Македонија, поради што би сакал да се воспостави пракса на заедничко, обострано информирање за сите активности кои ќе бидат преземени во предизборниот процес, а особено за време на изборите.

Истовремено, Дополнителниот заменик министер, доц. Д-р Оливер Андонов ја потврди заложбата за фер и демократски избори во договорениот термин.

img_1320