Пластична пушка фатална за 13 годишно момче во САД

Американската полиција во градот Санта Роса во Калифорнија уби 13 годишно момче кое носело пластична пушка. Бидејќи момчето не ја послушало наредбата да го фрли оружјето, полицијата отворила оган, мислејќи дека оружјето е вистинско. Момчето починало на лице место, а подоцна е идентификувано како Енди Лопез.

Помошниците на шерифот го здогледале тинејџерот со пушката во раце, а во појасот носел пластичен пиштол. Тие викнале засилување и неколку пати му наредиле на момчето да го фрли оружјето. Стравувајќи дека момчето ќе отвори оган врз нив, тие пукале при што го убиле.

Немилиот настан се случи на само еден ден откако средношколец отвори оган врз учлишниот комплекс во Невада. Тој средношколец беше пронајден мртов, а претходно успеал да рани две деца и да убие еден професор.