Утре започнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето почнува на 27 октомври во недела со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, со што 03:00 часот по полноќ ќе се смета како 02:00 часот.

Преминот од летно кон зимско сметање на времето  прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, прв пат го воведува летното сметање на времето.

Европската унија и останатите земји во Европа  од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври. Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.