Пад на домашната бруто-потрошувачка на струја за 9,44 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2013 година, во Република Македонија, бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 614 897 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 9.44%.

Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 30.90%, додека бруто-домашното производство учествуваше со 69.10%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 2.217 мил.mn3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пoраст од 23.46%.

Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 3.28%, додека финалната потрошувачка учествуваше со 96.23%.