ОО на СДСМ Дебарца реагира на 1600-те вработувања во „Македонски шуми“:
„И општина Дебарца не е исклучок од скандалите што ги приреди власта со вработувањето на 1.600-те социјалци во “Македонски шуми”. Според податоците со кои располагаме пет лица со живеалиште во општина Дебарца се вработени во “Македонски шуми”. Останува нејасно како барабанот на Министерството за информатичко општество и Македонската телевизија “случајно’’ додели социјални вработувања исклучиво на лица кои се членови или партиски активисти на власта. Притоа, најскандалозна е вработувањето на ќерката на претседателот на Месниот комитет ВМРО ДПМНЕ с.Лешани, која според објавените податоци добила 60 бодови и тоа 40 бода за приходи во домаќинство и 20 бода за самохрани и еднородителски семејства. Како се доделени 40-те бодови за ниски приходи не ни е јасно, ако се знае дека нејзиниот татко има луксузна семејна куќа во село Лешани (прилог-фотографија), стан во Охрид, две патнички моторни возила, а и самиот пред неколку години како истакнат партиски активист беше вработен во ЈП “Македонски шуми”, подружница “Галичица” Охрид, каде сеуште работи. Уште поскандалозно е доделувањето на 20 бода како самохрано и еднородителско семејство, ако се знае дека не се работи за такво семејство, освен ако се разбира не станува збор за уште една манипулација и изигрување на законот.
Од друга страна беа одбиени повеќе вистински социјални случаи. Ваков вид изживување со судбината на социјално загрозените лица е пример без преседан“. – стои во соопштението од ОО на СДСМ Дебарца.