Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(36) и Љ.К.(35) од Охрид како и против Н.С.(52) за „Спречување на службено лице при вршење службено дејствие“ . Истражен судија на тројцата им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
На 26-ти овој месец околу 16 часот и 30 минути, Ј.П. со секира нападнал полициски службеник нанесувајќи му расекотина во пределот на градите. Тоа го сторил откако претходно со Љ.К. физички го нападнале полициски службеник кој преземал службени дејстија по пријавено нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Даме Груев“. За тоа време Н.С. насилно го спречувал вториот полициски службеник да презема мерки тргајќи го за полициската униформа.
Полициската патрола, на улицата „Даме Груев“ во Охрид беше упатена откако во СВР Охрид беше пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Тука било констатирано палење на гуми и несоодветно насилно управување на патничко моторно возило. Сега притворените кои биле видно под дејство на алкохол се приведени и лишени од слобода.