Изнесени предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти вклучени во зимското одржување на патиштата

 Повеќе претставници од општините Охрид и Дебрца, на јавните претпријатија, секторите за комунални дејности, сообраќај и улици, општинските инспекторати, центарот за управување со кризи како и претставници на други релевантни институции задолжени за одржување на патиштата, денес ги презентираа оперативните работни планови и предвидените мерки за работа во текот на претстојната зимската сезона.  

 На денешниот работен состанок што го организира Секторот за внатрешни работи Охрид беа изнесени предлог мерки за поголема ефикасност, навременост и координираност на субјектите во преземањата за зимското работење и одржување на патиштата. Договорена е нагласена соработка со агенцијата за патишта, навремено меѓусебно информирање за состојбите со снежни врнежи, наноси  и за другите услови на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид, набавени се доволни количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите, дефинирани се приоритетните сообраќајници за целосно и беспрекорно одржување и чистење. Механизацијата е во добра кондиција и со употреблива дополнителна опрема за чистење на коловозот и на тротоарите. 

 Од 15-ти идниот до 15-ти Март наредната година, согласно одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите на сите моторни возила и работни машини кои учестуваат во сообраќајот на патиштата надвор од населени места, се должни покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

POL2 POL3