Во Романскиот Куп, Даниел Георгиевски беше стрелец на првиот гол во 14 минута на натпреварот кој неговиот тим Стеауа Букурешт го доби со 2:0 против Поли Тимисоара.
Тимот на Ворскла Полтава во гости беше елиминиран од Купот на Украина од тимот на Тернопил по изведувањето на пенали. Домашните први дојдоа во водство, а Адис Јаховиќ го изедначи резултатот во 53 минута. По изведувањето на пеналите, поуспешни беа домаќините, кои одат во следна фаза од Купот на Украина.
Во Италија се одигра 10-то коло од Серија А. Тимот на Каљари на домашен терен претрпе пораз од 0:3 од Болоња. Агим Ибраими беше стартер на овој натпревар за тимот на Каљари, а беше изваден од игра на полувремето, при резултат 0:1.
Наполи успеа да слави во гости со 1:2 против Фиорентина, а Горан Пандев беше стартер за Наполи и одигра 81 минута, пред да биде заменет пред крајот на овој меч.
WebOhrid