На соопштението од ЛДП, со реакција излезе и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во која стои:
„Ако се земе во предвид дека “како ќе дувне ветре“ така ЛДП се приклонува кон некоја политичка партија за да опстане на политичката сцена, јасно е зошто нејзините членови се одлучиле да пишуваат смешни контра реакции. Јасно е, само на тој начин можат да привлечат внимание односно да укажат дека постојат.
Вие почитувани од ЛДП, немате ни капацитет ни доволен политички сенс за да ја разберете суштината на одредена политичка реакција. Не може политичка партија како вас без политички кредибилитет и доволно капацитет да ги одредува односите во друга партија. Најдобро е за вас, да се сконцентрирате на своите малку мина партиски подржувачи и таму да ги насочувате своите квази стручни мислења. Се е гола популација од еден недокажан политичар кој без приклонување кон друга политичка опција ќе исчезне од политичката сцена.
Вие од ЛДП, ако барем малку имавте срам односно усул нема да поставувавте прашања од типот на: “Дали на дневен ред на денешната седница ќе бидат поставени точките од Урбанистичката сфера кои на минатата седница беа повлечени?“. Ако толку се грижевте и ве интересираше што се случило на минатата седница ќе присуствувавте на неа, а не да бегате од истата. Но ние сме доволно доблесни и повторно ќе ви ја кажеме вистината пред која вие стоите и слепи и глуви, па за да ја научите, повторно ќе ви ја потенцираме.
Со оглед на тоа што оваа локална самоуправа планира да работи чесно и транспарентно до крај и со оглед на фактот што “Избегавте“ од минатата седница, мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги повлече точките од урбанистичката сфера. Врз принципот на транспарентност и чесност мнозинството во сегашниот Совет сметаше дека за вака битни прашања не е коректно и во ред да се расправа на седници кога опозицијата не е присутна. Со ваквиот став мнозинството во советот покажа дека е сосема поинакво од мнозинството во претходниот Совет кога се се правеше опозицијата да ги напушта седниците, па да може да се донесат ДУПОВИ, онака како што на некого му било по желба. За да нема сомнежи во процесот и за да нема понатамошни дискусии во јавноста дека позицијата од советот знаела, односно сакала опозицијата да ја напушти седницата, истите одлучија двете точки да ги повлечат од дневен ред и истите ќе бидат разгледувани на една од наредните седници кога сите советници односни и вие ќе сте присутни.
Ако денес ви досадиле Вашите детски игри, ве молиме да присуствувате на денешната седница и да учествувате во донесувањето на советничките одлуки за што и сте избрани од граѓаните. Ако не друго, барем ќе знаете што се случуваше на денешната седница и нема да поставувате прашања од типот на горе наведеното.
Почитувани, политичката писменост се учи од рана возраст, но очигледно најпрво е потребно вие да се стекнете со лична култура, но пред се и да се описмените.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО–ДПМНЕ Охрид.