Голем црковно-народен собир се одржа денеска на градскиот плоштад во Охрид, по повод големиот верски празник „Свети Великомаченик Димитрија“ – Митровден.
Традиционално, Црковниот одбор и оваа година организираше ручек за сите верници. Се служеше посно гравче, бидејќи оваа година, празникот се одбележува во петок, денот кој Црквата го одредила за пост.
Празникот Митровден беше одбележан и со богата културно-уметничка програма.
На големиот црковен собир присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.