Кражба во канцеларијата на ИВЗ Охрид

Околу 180.000,оо денари, 100 евра, еден златен наполеон и пет златни прстени, одзел засега непознат сторител од канцеларија на охридското муфтиство на ИВЗ лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. 

Кражбата е случена во текот на изминатото деноноќие, а пријавена е во СВР Охрид утрово во 8 часот и 45 минути. Сторителот на овој вандалски чин, со употреба на физичка сила и удар насилно го отворил прозорецот од задната страна на објектот  и успеал да влезе во внатрешноста на канцеларијата. 

Откако извршил пребарување, тој забележал метална каса која со подесен алат ја отворил  по што ги одзел парите и златните предмети.  

На лице место, полициски екипи од СВР Охрид извршија криминалистичко-технички увид  по што се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

IVZ_Ohrid_krazba_01 IVZ_Ohrid_krazba_02 IVZ_Ohrid_krazba_03