Економската состојба на фирмите поповолна во третото тримесечје

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2012 година.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третото тримесечје од 2013 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, a очекувањата за економската состојба во наредниот период е поповолна во однос на претходното тримесечје.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третото тримесечје од 2013 година е намалена во однос на претходното тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе се зголеми во однос на второто тримесечје од 2013 година.

Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2013 година забележале зголемување во однос на претходното тримесечје.

Во третото тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2013 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 36.3%, друго со 14.6%,зголемена понуда на пазарот со 13.4% и зголемена конкуренција со 12.8%.