За околу 275.000 основци и средношколци завршува летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2015/2016 година. Првпат во училишните клупи ќе седнат и околу 20.000 првачиња.
Од вкупниот број ученици, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.
Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.