Граѓаните се обратија до стручните служби на секторот за урбанизам

Иако станува збор за комплексна материја кога се говори за предмети од  урбанистичката сфера, средбите со граѓани кои Локалната самоуправа ги најави за секој вторник во неделата, вродуваат со меѓусебна соработка на засегнатите субјекти, а  решавањето на  долгогодишните проблеми  се решаваат побрзо и поефикасно.

Проблемите на странките кои имаат  потреба од стручно мислење или решавање на предмети во управна постапка од делот на урбанизам повеќе не се секојдневие.  Денеска граѓаните имаа можност директно да се обратат до стручните служби на Секторот за урбанизам.

Приближно седумдесетина странки денеска остварија средба со стручните служби на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа и истите имаа можност да се консултираат, да добијат стручно милење, појаснување, упатства и насоки за секој предмет пооделно.

Во вторник, (19 ноември),  во периодот од 09 до 15 часот, граѓаните повторно ќе имаат можност да се обратат до стручните служби за тековните предмети и проблемите со кои се среќаваат  во текот на постапката.