Прекршочни пријави и парични казни за учесници во тепачка во Струга

Поради сторен прекршок и учество во тепачка на јавно место, полициската станица од Струга против С.М.(20), М.Б.(21) и Н.П.(21) сите од Струга поднесе прекршочна пријава. Во пријавата опфатени се и турските државјани Б.М.(20) Д.Д.(20) и У.И.(20). Основниот суд во Струга на пријавените им изрече парична казна од по 350 евра.

На 10-ти овој месец  околу 04 часот, во Струга во ноќниот клуб „Оаза“ нарушен е јавниот ред и мир со тепачка во која првопријавените стружани физички го нападнале турскиот државјанин Б.М. удирајќи го со тупаници во пределот на лицето. Потоа настанала тепачка во која се вклучиле и останатите турски државјани. По интервенција на обезбедувањето во ноќниот клуб, учесниците во тепачката била изнесени надвор од угостителскиот објект.

Откако се вратиле во домот каде престојувале, турските државјани со цел да ја земат патната исправа која ја заборавиле во ноќниот клуб, повторно се упатиле кон „Оаза“. Забележувајќи ги тројцата македонски државјани на блискиот паркинг простор, се случила уште една тепачка во која турскиот државјанин Д.Д. со пивско шише го удрил  по главата на М.Б. Притоа бил употребен и електричен парализатор кој С.М. од Струга го употребил кон турскиот државјанин Д.Д. и откако го соборил на земја бил нападнат со раце и нозе од првите тројца пријавени. Во жестоката тепачка на паркинг просторот, турскиот државјанин Д.Д. со кујнски нож кој претходно го земал од својот дом, замавнал кон С.М. и Н.П. нанесувајќи им поведи во предлот на градниот кош и колковите.