Директорот на Царинската управа одржа академски час на Факултетот за туризам и угостителство

Директорот на Царинската управа во Охрид, одржа Академски час пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство, насока Царина и шпедиција, при Универзитет Св.„Климент Охридски“– Битола.

Пред присутните студенти директорот на царинска управа Ванчо Каргов предаваше на тема „Управување со работата и промените во Царинската управа“.

Целта на предавањето е да им се покаже на студентите и практично што работи Царинската управа а не само она што се учи во книгите. Директорот Каргов истакна дека студентите од овај факулте се едни од најфрекфентните кандидати за прием на работа во Царинската управа иако тие можат да работат и во шпедиција и во било кои други фирми коишто поинтензивно се занимаваат со увоз-извоз бидејќи овој профил на кадри е потребен на секоја компанија. Покрај постојаната комунинација со ФТУ, многу студенти помининуваат и на пракса во Царинската управа.

Деканот на Факултетот за туризам и угостителство професор доктор Сашо Коруновски нагласи дека оваа високо-образовна установа произведува способни кадри кои по завршувањето на студиите можат да ја извршуваат својата професија.

Целта на ваквите предавања кои ќе продолжат и во иднина е студентите од насоката царина и шпедиција да се запознаат со начините на работење и новините што се воведуваат во царинската работа.

akademski cas site